Кристијано Роналдо покрај чипс и Кока-Кола му забрани и мобилен телефон на 11 годишниот син

|

Кристијано Роналдо на својот 11 годишен син откри дека не му дозволува да јаде чипс и да пие Кока-Кола, а сега откри дека не му дозволува да користи ниту мобилен телефон бидејќи не сака да биде опседнат со технологијата.

Кристијано Јуниор, кој е дел од академијата на Манчестер јунајтед, постојано барал од неговиот татко да добие мобилен телефон како многу негови врсници, но Роналдо вели дека тоа не е добар пример. При добивањето на наградата за најдобар стрелец на сите времиња во организација на „Глоуб сокер“ во Дубаи, Роналдо објасни зошто е така.

„Технологијата помага многу. Ми помогна мене и на целиот свет и треба да го искористиме тоа, но не смееме да бидеме опседнати. На пример, мојот најстар син ќе наполни 12 години и секогаш ме прашува: ‘Тато, дали може да добијам мобилен телефон’. Му велам: ‘Кристијано, има време’. Знам дека младата генерација се чекор понапред од нас, но не смееме да бидеме опседнати со технологија. Не им давајте постојано. Тоа е главната поента“, вели Роналдо.