Кулминација на незадоволството во Арсенал: Играчите се свртеа против Емери

|

Деновите на Унаи Емери во Арсенал се избројани и само е прашање на време кога тој ќе мора да го напушти Емирејтс.

Медиумите на Островот тврдат дека по мечот со Саутемптон, играчите се свртеле против својот менаџер, не верувајќи во неговите планови и идеи за оваа сезона. Арсенал во моментов е на осмото место во Премиер лигата и во серија од шест натпревари без победа во сите натпреварувања.

„Проблемот е кај менаџерот, неговите лоши одлуки и промена на тактиката. Тимот нема идентитет, а кај играчите не може да се забележи напредок. Уште никој не верува дека овој Арсенал може да се пласира во Лигата на шампионите“, се вели во Телеграф.

Со оглед на тоа што Мурињо веќе стана менаџер на Тотенхем, се намалува ругот на потенцијални наследници на Емери. Се почесто се спомнува Фреди Љунгберг како нов менаџер на „топчиите“, но тоа на краток рок. Во конкуренција се уште Брендан Роџерс, Микел Артета и Јулијан Наглесман, само нејасно е колку се реални овие опции.