Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци за подметнувањето на пожарот

ИЗВОРНов Лист
|

Ламбе Алабаковски, е осуден на условна казна од шест месеци поради пожарот кој го подметна пред неколку месеци во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Од Основниот суд во Битола, Алабаковски, кој го призна делото, согласно чл. 288 став 1 од КЗ е осуден на условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело, пренесува „Нова Македонија“.

Алабаковски се согласил на ваквата казна, според пресудата на основниот суд во Битола. Тој уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.