Лазар Бараков каков што не сме го виделе досега – Дотеран и гордо застанат со ќерка му

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од нашите најпознати актери, Лазар Бараков, кој се прослави по улогите во Македонските народни приказни во една прилика зборуваше за своето потекло.

-Потекнувам од Мокрино и до денешен сум мокрински жител. Патував и работев по целиот свет, останував за подолг период, школување, печалбарство, ама останав пак мокрински жител… иако имам сопствен дом во Скопје од подолг период, со мислите и жителството сум во Мокрино, вели Бараков.

Најубавите спомени ми се од раниот детски период од Мокрино, кое по корените датира уште од Александрово време. Тесни улички, збиени градби, моето маало во центарот живееја многудетни фамилии, од утро до мрак беше полно со детски џагор , смеење , плачење.. целоноќно кучешко лаење, ранобудно петлово пеење…

Сите мили, воспитани и од мајки родени деца од мене за секоја навечер беа задолжени да кажат по една нова приказна чуена од нивните дедовци и баби… И така јас ги запишував и меѓувремено се јави конкурс од нашиот детски весник “Наш свет” за собирање народни умотворби.Јас ги пратив веќе соберените и добив прва награда за собирање народни умотворби …педесет книги од разни светски автори… незнам дали тогаш имаше поголема радост од тоа..“, рече Лазар.

Нашиот познат актер стана дедо минатата година, и неодамна тој замина за Германија за да го види внукот Стефан.

Преку објава на „Фејсбук“ се пофали дека со неговата ќерка Викторија ќе одат во Висбаден, град во централниот дел на Германија. Глумецот не ја криеше радоста што ќе го види својот внук.

Викторија живее во Скопје и е еден од архитектите кои го создаваше новиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, а Лазар не криеше колку се гордее на неа.

Тој на Фејсбук објави слика со својата ќерка во молот, која неодамна прослави роденден напиша: Среќен роденден моја гордост…