Лекар си го уби синот, па се самоуби: Трагедијата ги шокираше сите што ги познаваа, никој не знае што се случи

|

Телата на Парт Ганди (49) и неговиот син (16) беа пронајдени во канцелариите на Одделот за психоделична терапија и истражување во Солт Лејк Сити, објави KSLTV.

Според агенцијата, Ганди работеше во канцелариите како невропсихолог и директор на клиника „со фокус на психоделиците“.

Не е јасно што точно вклучува психоделична терапија или дали клиниката се залага за употреба на недозволени супстанции.

Исто така, сè уште не е познато дали во телото на Ганди имало психоделични лекови или други супстанци или во телото на неговиот син, чие име не е објавено поради неговата возраст.

„Нашите детективи сè уште се трудат се да откријат, обидувајќи се да одговорат и на прашањето што би можело да го мотивирало да го стори тоа“, изјави Брент Вајсберг од полицискиот оддел во Солт Лејк Сити за KSLTV.