Лео Јовановски и Арсим Етеми освоија бронзени медали на меѓународниот боксерски турнир ,,Гранд При Загреб 2021″

|

Боксери Лео Јовановски и Арсим Етеми кои ги бранеа боите на Македонија на овогодинешното трето издание на меѓународниот боксерски турнир ,,Гранд При Загреб 2021″, како што ветија се враќаат во земјава со освоен медал.

Лео Јованосвки за жал не успеа да се пласира во финалето на турнирот. Во полуфиналната бор-ба боксуваше со најдобриот Хрватски боксер, Габриел Веочиќ, во категоријата до 75 кг., кој всушност беше четвртфиналист на Светското првенство во Бокс кое се одржа во Белград минатиот месец.

И покрај повредата со која се здоби во текот на бор-бата, Лео успеа да му се спротивстави на Габриел и да избоксува до крај.

“Оваа година Лео се закити со бронзениот медал, наредната година ќе атакува на поголем успех”, велат од тимот.

Арсим Етеми исто така го освои бронзениот медал. Тој водеше полуфинална бит-ка со претставникот на Црна Гора, Петар Маричиќ.

Мечот беше рамноправен, но судиите се одлучија дека победата треба да му припадне на црногорскиот претставник.

Финалните натпревари, ќе се одржат утре, сабота – 4 декември, со почеток од 20 часот.