Лепа Брена со драстично сменет имиџ

ИЗВОРновлист
|

Лепа Брена е една од најголемите регионални ѕвезди, а врвот на славата го доживеа во текот на 80тите. Оваа музичка ѕвезда е позната по своите чести трансформации и експериментирања со својот изглед.

Со најновата трансформација пејачката се надмина себеси.

Брена сите ја знаеме по русата коса. Но, во моментов наместо руса коса, Брена има долга црна коса. Меѓутоа, веднаш да појасниме, станува збор за перика, а со овој изглед фолк дивата ги изненади фановите.

На својот „Инстаграм“ профил таа објави фотографија, а во описот напиша:

„Во пресрет на промените“.

Инаку, Лепа Брена купила 80 хектари земја на влезот во Нови Сад, каде планира наскоро да започне со изградба на луксузен станбен комплекс. Вредноста на таа инвестиција ќе биде повеќе од два милиони евра, дознава српски Курир.

Сега, според извор близок на Брена, таа решила парите од продажбата на Гранд да ги инвестира на работни места што не се блиски за шоу-бизнисот затоа што добро работела во тоа. Пазарот на недвижности со години беше атрактивен за инвеститорите, па пејачката ја виде својата шанса. Брена ќе гради згради и станбени комплекси преку посредници и изведувачи.