Внуката на Наум Петрески наполни една година

ИЗВОРновлист
|

Ќерката на фолк-пејачот Наум Петрески, Анастасија денес има повод за среќа и частење. Денеска Анастасија и нејзиниот сопруг Владимир Поповски слават прв роденден на нивната мила ќеркичка Андреа.

Таткото на Андреа, пејачот Владимир Поповски на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која напиша: „Си летна една година, 05.03.2019“.

Владимир и Анастасија се венчаа претходната година во јануари, а свадба правеа два месеци откако се роди нивната ќерка.

Инаку, по раѓањето на ќерката, Анастасија направи пауза од музиката, но од неодамна и таа и Владимир постојано настапуваат во ресторани и кафеани низ нашата држава.