“Мајкл Џордан се обложи дека по 10 испиени пива ќе даде над 40 поени и дека Булс ќе победат”

|

Некогашниот хокеар Џереми Роник раскажал неверојатна приказна за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан.

Коцката, алкохолот и Мајкл Џордан гарантираат фантастична анегдота која полека, но сигурно станува аксиом. Една таква приказна има и некогашниот играч на НХЛ, Џереми Роник, кој беше голема ѕвезда во Чикаго додека го носеше дресот на Блекхокс. 

Роник и Џордан во еден период многу често се дружеле, а нивната дружба воглавно се сведувала на голема количина алкохол која сепак не влијаела на нивните спортски кариери.

“Во една прилика игравме голф и кога врзав неколку победи, се спремав да тргнам, но Мајкл не ми дозволи. Пазете, Булс таа вечер играа против Кливленд Кавалирс, но тој ме натера да одиграме уште една партија”.

Партијата се оддолжила, на крајот Роник повторно победил, а Џордан од голф теренот морал директно да замине во “Јунајтед Центар”.

“Јас и Мајкл пиевме цело попладне, се сеќавам дека испи преку 10 пива и знам дека се пошегував дека вечерва ќе се обложам на Кливленд со оглед на неговата моментална ситуација. Тој тогаш ми рече со сериозен глас: “Слушај ме добро, ќе се обложам со тебе дека ќе уфрлам преку 40 поени и дека Булс ќе победат со минимум 20 разлика”. Му кажав дека е договорено и му пружив рака. Знаете што направи тој? Им даде на Кливленд 52 поени, а Чикаго победи со 26 разлика”, изјавил Роник.

Иако поранешниот член на Блекхокс не потенцирал за кој натпревар станува збор, тој веројатно мислел на средбата одиграна на 28-ми март 1992 година, кога Џордан даде 44 поени, а Чикаго славеше над Кливленд со 126:102. Чикаго таа година ја освои титулата, победувајќи го Портланд во финалето по 6 одиграни натпревари.