ВИДЕО: Мајмунски крици и фашистички поздрави – Бугарите ќе ги снајде драконска казна

|

Ретко видени сцена на „Васил Левски“ во Софија го обиколија светот и веројатно ќе донесат пресвртница во светскиот фудбал. Срамни мајмунски извици и фашистички симболи од страна на бугарските навивачи го натераа главниот судија неколку пати да го прекинува натпреварот Бугарија – Англија. 

Откако со мајмунски крици бугарските фанови ги навредуваа англиските црномурести фудбалери, натпреварот беше прекинат. Но, кога продолжи бесот на бугарските хулигани се зголеми и тие ги игнорираа барањата на организаторот, па со фашистички поздрав скандираа кон Англичаните.

Бугарија загуби со 0-6, но поразот нема да боли колку срамот и ригорозната казна од УЕФА која ќе следи.