Македонци заминуваат во Германија, Германците се селат во земји кои им нудат повеќе можности

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сојузниот завод за истражување на населението, покажува дека засега 4 милиони Германци живеат во странство.
Годишно се иселуваат 180.000, додека во истиот период се враќаат назад 130.000 и затоа тие немаат голем „одлив на мозоци“.

Но, нивното селење во странство е привремено и трае неколку години.
Последните 10 години најпопуларна земја за Германците е Швајцарија.
Во оваа земја се иселиле 200.000 Германци, во САД заминале 127.000, а во Австрија се иселиле 108.000. Во Обединетото Кралство заминале 82.000 германски граѓани.

Германските емигранти заминуваат во странство поради подобра работа и повисоки плати.
Најчесто се иселуваат младите Германци на возраст од 20 до 40 години, високо квалификувани кадри, доктори на науки.
Само 18 отсто се селат затоа што не се задоволни од квалитетот на живот во својата земја.