Бројот на заразени со новиот корона вирус во Италија се зголеми на 162, а четири лица починаа во епидемијата што се шири кон финансискиот центар Милано.
Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето кои се индустрискиот центар на Италија и заедно сочинуваат 30% од БДП на земјата. Во овие области се забранети сите јавни настани, затворени се училиштата и ограничено е движењето на населението само за најнеопходни работи.
Првиот случај на корона вирусот во Италија беше забележан во Кодоњо гратче југоисточно од Милано. Пациентот е 38-годишен маж кој се заразил по средба со пријател кој бил во посета на Кина. Неговата состојба е стабилна.
Единаесет населени места, од кои повеќето во северниот град Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот корона вирус. Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела, меѓу кои и четири натпревари од Серија А.
Македонец кој живее во еден од регионите под карантин, вчера го сподели искуството на Форумот Кајгана, наведувајќи дека „технологијата колку направи добро, уште 5 пати направи полошо“.
„.Како да е нуклеарна криза… стварно е језиво“, вели корисникот на Форум Кајгана под псевдоним Tutor.
„Апокалипса денес. Јас лично не сум уплашен од вирусот, но сум уплашен од ефектите кои веќе ги постигна – затворени школи, банки, здравствени институции, спортски објекти, кина, фабрики“, вели тој.