Македонија подобра од Бугарија во сите аспекти, но не успеа да победи

ИЗВОРНов Лист
|

Денес нашата фудбалска репрезентација во Разград одигра 1:1 против Бугарија во 1. коло од четвртата група Ц-сегмент во Лигата на нации.

Домаќинот поведе преку Кирил Десподов во 13. минута, конечните 1:1 ги постави Милан Ристовски во 50. минута.

Избраниците на Милевски продолжија да притискаат до самиот финиш, Бугарија немаше идеа како да го загрози нашиот гол, но на крајот за малку ќе останевме со празни раце. Судијата покажа на белата точка по едно играње со рака на Муслиу, но со помош на ВАР ја корегираше одлуката со оглед на тоа дека раката на дефанзивецот беше залепена за тело.

Нашите херои доминираа во најголемиот дел од натпреварот, го имаа поседот на топката и контролата на играта и заслужија многу повеќе од реми. Бугарите освен неколку непрецизни удари, во последната минута се понадеваа на втор гол, откако судијата покажа пенал, но со помош на ВАР одлуката беше променета и добија само корнер.

Во следното коло, македонската репрезентации гостува кај Гибралтар (5 јуни), а потоа јунскиот прозорец гон продолжува со два домашни натпревара, со Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни).