Вториот пехар во Лигата на шампионите и натаму на големо се слави. Низ социјалните мрежи може да се видат најразлични фотографии, но до „Спортмедиа“ дојде една од најдобрите.
Македонка која во моментов е во Барселона, отиде специјално пред салата на каталонскиот гигант „Палау Блауграна“ гордо го развиори знамето на Вардар. На фановите на Барса не им беше сеедно…
„Ги поздравивме“, порача Македонката која е голем фан на „црвено-црните“.
ЛШ: Доминација на РК Вардар во Ол-стар тимот
За најдобрите навивачите гласаа цел месец а најдобриот тим беше составен на предлог на тренерите и соработниците на ЕХФ.
На голот на тимот на сезоната е Дејан Милосављев. Тимур Дибиров е на лево-крилната позиција а на десната Иван Чупиќ. Десен бек е Даинис Криштопанс додека тимот го предводи првиот стратег на црвено-црните Роберто Парондо. Покрај вардаровите ѕвезди во тимот се уште и Микел Хансен, Хулен Агинагалде, Лудовик Фабрегас и Блаж Благотиншек.
Црвено-црните да потсетиме го освоија трофејот од лигата на шампионите откако претходно во полуфиналето ја совладаа големата Барселона, а во финалето Веспрем.
голман: Дејан Милосављев – Вардар лево крило: Тимур Дибиров – Вардар лев бек: Микел Хансен – ПСЖ среден бек: Кентин Мае – Веспрем десен бек: Даинис Криштопанс – Вардар десно крило: Иван Чупиќ – Вардар пивотмен: Хулен Агинагалде – Киелце млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем тренер: Роберто Парондо – Вардар