Македонскиот дрес на Алиоски расплака фан на Лидс

ИЗВОРСкопје24
|

Англиски Лидс добро игра оваа сезона и играчите се со победнички менталитет, а со тоа ја кренаа и навивачката еуфорија меѓу фановите за враќање во Премиерлигата.

Последниот пример со еуфоријата меѓу навивачите говори колку е загреана атмосферата меѓу навивачите.

Така еден татко за Божиќ за својата ќерка успеал да обезбеди дрес од Езџан Алиоски, меѓутоа од македонската репрезентација, а ќерќата не можела да ги воздржи емоциите.

https://twitter.com/gelderdend_com/status/1077688926586970119?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1077688926586970119&ref_url=https%3A%2F%2Fthevow.info%2Fmk%2Fmakedonskiot-dres-na-alioski-rasplaka-fan-na-lids%2F

Алиоски ја започнува својата клупска кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За тимот на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.

Во јануари 2016 година, Алиоски преминува во редовите на прволигашот Лугано на позајмица до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби за Лугано го прави на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун. Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и почнува да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.

По завршувањето на заемот, Алиоски потпишал перманентен договор со Лугано во јуни 2016 откако претходно му истекол договорот со Шафхаузен.

На 13 јули 2017, Алиоски потпишува четиригодишен договор со англискиот Чемпионшип клуб Лидс Јунајтед. Своето деби го има на 6 август 2017, во победата со 3–2 против Болтон Вондерерс забележувајќи асистенција во тој натпревар.

Езџан Алиоски со одличните игри си го зацементира своето место во првите единаесет и целосно ја има довербата од страна на познатиот стратег Марсело Бјелса.