Македонскиот терминатор Даниел Стефаноски доцна синоќа освои трета светска титула (7к кг) во К-1, овој пат во ВКУ по минатогодишната во Суперкомбат и оваа година во ИСКА.
Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа го збриша противникот Јану да Круз, на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.
На 14- април македонскиот шампион Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во кикс бокс, се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации.
На вчерашниот натпревар Даниел борбата ја заврши со нокаут во првата рунда, откако добро го поткачи со коленото противникот и го заврши со два-три удари.
Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.
Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.
Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години.
Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.