Maкедонскиот тигар кој нокаутираше Французин за 12 секунди потпиша за УФЦ: Непоразениот Амедовски го оствари сонот

ИЗВОРСкопје24
|

Непоразениот македонски борец Ален Амедовски потпиша договор со УФЦ.

Нашиот Амедовски има скор од 8-0 во MMA и сите негови борби се завршени со нокаут во првата или втората рунда.

Амедовски забележа две борби во Белотор, а во последната против Ибрахим Мане победи со нокаут за 12 секунди, што не е непознато за него, бидејќи во 2015 година го нокаутира својот противник за 11 секунди – објави порталот “Ипон.мк”.

Има 30 години и се натпреварува во средната категорија.

Поради неговото потекло Амедовски покрај “Македонски тигар” го нарекуваат и “Принцот од Жупа” и “Кралот на Река”.