Пејачката Марија Шерифовиќ покажа стан од 80 квадрати, за кој пред три години потрошила 200.000 евра и се населила во елитен кварт во Нов Белград.
Во луксузното маало, на единствениот српски евровизиски победник, први соседи се колегите Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ и нејзиниот кум Стеван Анѓелковиќ.
Марија често споделува објави на Инстаграм кои ги прави во својата оаза на мирот, па на тие кадри може да се види како го опремила просторот за живеење. Речиси сè изобилува со светли бои, додека парчињата мебел се малку потемни, со што се постигна ефект на контраст.
Во пространата дневна соба има голем аголен тросед, домашно кино и разни полици, кои пејачката ги комплетираше со ситни детали. Во спалната соба има француски кревет, украсен со перници, на кој одморот е загарантиран. До него е огромна бела гардероба со огледало по целата должина на ѕидот.