Марија Шерифовиќ откри зошто често оди во Америка: Има добра причина за тоа

ИЗВОРНов Лист
|

Марија Шерифовиќ важи за голема ѕвезда на регионов, за нејзиниот живот се пишува и зборува секој ден, и го следат секој нејзин чекор.

На едно од Нејзините следбеници на YouTube ја прашаа дали некогаш сака да биде анонимна личност.

Имено, додека одговараше на прашањата на своите фанови, пејачката раскажа зошто често патува во Америка и дали и недостига анонимноста која ја имала додека не се прославила.

– Па, да, затоа ја сакам Америка и често одам таму, а мали се шансите некој да ме препознае таму. Од друга страна, не можам да кажам дека не уживам во сето она што го носи мојот живот, но тоа понекогаш знае да биде навистина напорно – изјавила Марија.

Да потсетиме, Марија често престојува во Америка, каде што купила стан, а како што еднаш кажа, таму се чувствува сосема поинаку отколку во Србија.

-Јас сум Американка, купив стан во Лос Анџелес. Таму полесно дишам, бидејќи никој не ме препознава, секаде можам да одам со апостолки и неисчешлана.