Зинедин Зидан и понатаму инсистира на тоа што побргу да го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед, пренесува реномираната „Марка“.
Иако Валверде е во одлична форма, тоа и понатаму не ги промени плановите на тренерот на Реал Мадрид кој и понатаму го сака својто сонародник во тимот.
„Кралевите“ ова лето сакаа да го ангажират Погба, но во тоа не успеаа иако Французинот сакаше да го напушти „Олд Трафорд“. Тој оваа сезона одигра само шест меча за Јунајтед поради проблеми со повреда.
Она што е проблем за Зидан се челните луѓе на Реал кои се уште не се сигурни дали Погба се вклопува во тимот иако не ги оспоруваат неговите играчки квалитети.
Иако се споменува цифра од 120 милиони евра за Французинот, некои во клубот сметаат дека тој не би требало да чини повеќе од 100 милиони, колку што беше платен и ЕДен Азард.
Како што е познато, Погба има договор со Јунајтед до 2021 година, но прашање за клубот е дали е добро тој да остана ако е незадоволен.