Големо внимание деновиве привлече најновата тетоважа на еден од близнаците. Она што е впечатливо и специфично е тоа што Мартин , гитаристот на „Некст Тајм“, на својата рака додаде специфична тетоважа.
Овој пат „братска“, зашто си го истетовира ликот на својот брат-близнак од бендот, пејачот Стефан.
Мартин отиде кај еден од најпопуларните мајстори во Македонија, кој најпрвин го скицираше, а потоа и го започна тетовирањето на посакуваниот лик.