Maртинијан Кириловски јавно доби понуда за брак: „Земи ме мене за жена“ – а ова е неговата реакција

ИЗВОРНов лист
|

Мартинијан Кириловски имавме прилика да го гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со својата харизма, глас, насмевка ја освои публиката особено онаа од понежниот пол.

Мартинијан минатата година беше под менторство на Јелена Карлеуша, а благодарение на нејзините совети тој успеа да влезе во финалето.

По завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Мартинијан уште повеќе стана познат и се посвети на својата музичка кариера.

Така неодамна ја издаде и својата прва песна за „Гранд“, а и победи на Макфест.

Деновиве, Кириловски го искористи своето слободно време и го посвети на неговите следбеници на социјалните мрежи на кои им одговараше на прашања.

Тој во кратктите приказни на „Инстаграм“ доби многу пофалби, позитивни коментари, прашување за негови следни настапи и слично.

Имено, некој од фановите дали би снимил дует со Јелена Карлеуша и Лепа Брена, а тој одговори: „Со задоволство“.

Мартинијан подготвува и нова песна која треба да излезе на лето, а за истата и подготвува нов видео запис.

Токму поради тоа многу негови обожавателки му се понудија да учествуваат во спотот, а една дури му предложи да ја земе за жена.

„За спотот во мај земи ме и мене. А и не мора само за спотот, може и за жена да ме земеш“ напиша една девојка, а пејачот кратко одговори: „Хахаха, така ли“.

За потсетување, Мартинијан неодамна откри дека е „сингл“ и дека не е заљубен.