Со големиот православен празник Водици доаѓа и голема промена на времето- еве што најавува УХМР за овој викенд

ИЗВОРНов лист
|

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Во сабота времето ќе биде умерено до значително облачно, по котлините и магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во недела времето ќе биде променливо облачно, на повисоките места и планините со повремен локален снег.

Додека пак во понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.