Матка, место за бегство од градскиот метеж

|

На околу 15 километри југозападно од Скопје се наоѓа Матка. Едно од најрепрезентативните природни богатства во нашата држава.

Езерото Матка се формира со вода од реката Треска, која пак поминуваји низ срцето на Македонија, тече покрај прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови.


Треска има кањон кој е познат по терените односно карпите за искаување како и светски позната патека за натпревари во кајак. Посетителите од цела Европа уживаат во овие спортови од пролет па се до доцна есен секоја година.

Матка е позната по десеттината пештерите. Најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава. Пештерите изобилуаат со сталагмити и сталактити.

Во минатото во кањонот Матка биле изградени поголем број на цркви и манастири, како што се Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, Манастирот Свети Никола Шишевски, Црква „Св. Андреја“,Црква „Св. Спас“, Црква „Св. Недела“ и др.

Матка е специфична и по тоа што има многу разновиден растителен и животински свет. Голем број на ендемски видови како пајаци, пеперутки,темјанушки и сл.

Со оглед на близината на Матка до Скопје, таа е одлична дестинација да се избега од градскиот метеж и да се ужива во природните убавини.