МекДоналдс од 2021 година со нова линија на вегетаријанска брза храна

ИЗВОРНов Лист
|

Најпознатиот синџир за брза храна се здружи со Beyond Meat за да создадат вегетаријанска плескавица, соопшти компанијата со седиште во Лос Анџелес.

-Beyond Meat и Мекдоналдс ко-создадоа плескавица на растителна база што ќе биде достапна како дел од нивната платформа МекПлант,  рече портпаролот на „Beyond Meat“.

Нивните акции паднаа за 8% откако Мекдоналдс го објави својот последен потфат – но повторно се зголемија за 4% откако фабриката за производство на месо ја објави својата улога во создавањето на плескавицата.

Мекдоналдс – кој претходно објави рекордни профити за третиот квартал – одби да даде коментар за тоа кој снабдувач го користи за своите производи од вештачко месо.

Beyond Meat беше фаворит за производи со зеленчук бидејќи спроведе тестови за „П.Л.Т.“ плескавица во 100 ресторани во Онтарио, Канада.

-Растителните производи се постојан тренд на потрошувачи. Не е прашање дали МекДоналдс ќе влезе во растителен бизнис, прашање е кога, рече главниот извршен директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински.