Мерцедес го најави ултра-луксузниот џип од 200 илјади евра

|

Иако вниманието на поголемиот дел од светот е насочено кон Саемот на автомобили во Лос Анџелес, Мерцедес сепак одлучи да го претстави својот ултра-луксузен џип во Кина.

Денес во Гвангжу ќе биде претставен моделот Maybach GLS за кој се шпекулира дека ќе чини најмалку 200 илјади евра. Мерцедес денес ја објави тизер фотографијата од моделот на кој се гледа само дел од предната маска и фаровите.

На фотографијата може да се види блескава маска со вертикални решетки, нешто што може да се види кај редизајнираниот Maybach S Class и Maybach Pullman.

Со оглед на најавената цена, се очекува Maybach GLS да биде опремен со врвна технологија и ултра-луксузен ентериер. Овој модел ќе виде одговорот на Мерцедес на конкурентниот Bentley Bentayga.

Што се однесува до погонот, најавен е V8, па дури и V12 агрегат, но сепак, сите детали околу овој модел ќе ги дознаеме во текот на утрешниот ден.