Извесен Сајмон Вилсон, по професија јутјубер, денеска е голема вест во медимите на Островот. Сајмон е голем фан на Ливерпул, но не му се давале 700 фунти за авионски билет до Мадрид за саботното финале во ЛШ. Па дошол на идеја да купи стара Шкода Фаворит и тоа го чинело само 40 фунти. И со таа Шкода тргнал на пат одалечен 2000 км, кон главниот град на Шпанија. Интересно е тоа што со себе ги понел и неговиот брат и еден пријател, инаку голем фан на Тотенхем. Се надеваме дека старата Шкода ќе издржи до стадионот „Ванда Метрополитано, каде се игра финалето.
Мадрид утре го очекува првиот голем „бран“ на навивачи од Англија, веќе се чувствува атмосферата низ градот во кој полицијата е пристуна на секој чекор.
Мадрид изгледа подгтовено за саботната фудбалска ноќна треска, фактот што играат два тима од Англија носи голем ризик на безбедносен план. Мадридската полиција ја има на секој чекор, дискретно ги следат случувањата на улиците, во фан зоните…
Очигледно е дека безбедноста е загарантирана, според ситуацијата на теренот, тешко дека ќе има инциденти.