МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа силно јужно воздушно струење, силен јужен ветер, големо затоплување и Сахарска прашина и песок!

|

Под влијание на изразено јужно воздушно струење, во следниот период, особено во петок и во сабота се очекува големо затоплување на времето и голем пораст на температурите на воздухот. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре и во сабота, и тоа поради значително понискиот воздушен притисок во западна европа, како и многу повисокиот воздушен притисок во источна европа, кај нас ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Нови врнежи од дожд, и тоа во западните предели од Македонија ќе има во сабота навечер, како и во текот на ноќта кон недела и во недела. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со грмежи.

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, наутро пак тие исто така ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени.

Поради силното јужно воздушно струење, во петок и во сабота од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно и токму ова особено лошо ќе влијае врз метеопатите, лошо влијаат и брзите промени од топло на ладно и обратно.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!