Метју Пери признал во која колешка од “Пријатели” бил заљубен

|

Популарната серија ги освоила срцата на многумина, а срцето на актерот го освила една негова колешка.

Актерот признал дека бил сериозно заљубен и дека уште “не поминало” тоа што бил загреан за колешката Кортни Кокс. 

Според зборовите на извор близок до актерот, тој секогаш бил заљубен во Кортни. Ако се прашувате дали се случило нешто меѓу нив, мораме да ве потсетиме дека Кортни во тој период била во брак со Дејвид Аркет од 1999-та до 2013-та година.

Моментално се забавува со Џони МекДејвид, додека Метју се забавувал со многу жени во тој период, вклучувајќи ја и Џулија Робертс.

Како и да е, актерите останале блиски пријатели, па и денес одат на заеднички ручеци и собирања, пишува “Womans Health”. Тоа го потврдиле и со неодамнешното селфи кое Кортни го објавила на својот профил на Инстаграм.