Топ 10 градови кои мора да ги посетите до крајот на вашиот живот

|

Нормално дека не можат да се посетат сите дестинации во текот на животот. Затоа треба да ги изберете оние најдобрите.

Листата на списанието “Huffington post“ внимателно погледнете ја и размислете кој град ќе биде вашата следна дестинација.

1. Венеција, Италија

Едноставно невозможно е да направите ваква листа без Венеција, зарем не? Од добро познатите канали и грандиозни базилики преку разнобојните фасади и добри мали барови, Венеција е единственото место како ниту едно друго на земјата.

2. Севиља, Шпанија

Севиља е скапоценост на некогашното царство Шпанија, а посетителите се воодушевени од тесните улички обложени со портокалови цветови, маварски дворци и гастрономски специјалитети.

3. Њујорк, САД

Не е ни чудно зошто Њујорк го нарекуваат “Раскрсница на светот“. Никаде на светот нема да најдете толку восхитувачка концентрација на уметност, култура, кулинарство и бизнис.

4. Ласа, Кина

Ласа е духовен центар на тибенскиот будизам. Суровите врвови на Хималаите, со манастири и палати од кои секогаш се чувствува темјанот го прават Ласа еден од највпечатливите градови на светот.

5. Рио де Жанеиро, Бразил

Од светски познатите карневали па до незаборавни панорами, Рио е искуство за сите пет сетила. Не може да пречи ниту фактот дека во него се наоѓаат двете најпознати плажи на светот.

6. Лондон, Англија

Со своите престижни музеи, познати улици и плоштади оваа финансиска престолнина привлекува сè повеќ туристи. Не сте го посетиле Лондон? Што чекате?

7. Маракеш, Мароко

Влегувањето во стариот дел на Маракеш е искуство кое никогаш нема да го заборавите – бескрајни улици кои наликуваат на лавиринти, преполни пазари, неверојатна архитектура и храна. И сето тоа на едно место.

8. Петра, Јордан

Меѓу останатите антички градови, Петра е приказна за себе. Сместена е некаде во врелата пустина, сокриена во тесен кањон од песок и ветер, Петра е монументален град исклесан на една карпа.

9. Рим, Италија

Сите патишта водат до Рим па така и овој наш текст. Шетањето по Рим е како истражување на најголемиот отворен музеј на светот. Едноставно ниту еден друг град на светот нема таква комбинација на уметност, гастрономија, култура и еден тон неверојатна историја како “Вечниот град“.

10. Варанаси, Индија

Варанаси е едно од најсветите места во Индија и е вистинско искуство за вашите сетила. Набљудувањето на изгревањето на сонцето додека пристаништата се полнат со свештеници и локални жители е доживување кое никогаш нема да го заборавите.