Млекото од компир е најновиот тренд во исхраната, еве зошто е корисно

|

Некогаш, веганите или оние кои страдаат од алергија на производи од животинско млеко се мачеа да најдат валидна алтернатива. Денес постојат голем број на опции, како што се млекото од бадем, кокос, овес и соја, но и млеко од индиски ореви, коноп или макадамија.

Сите растителни млека немаат ист состав, а едно од поновите во употреба е млекото од компир. Не звучи гламурозно или егзотично, но е нов тренд кај веганите и оние кои страдаат од алергија, со оглед на тоа што има ниска содржина на шеќер и маснотии.

Што точно е млеко од компир?

Тоа е „разреден компир скроб“, објаснува диететичарот Софи Медлин. „Изгледа како млеко поради скробната природа на компирот, но навистина е само скробна вода со некои стабилизатори“.

Здравствени придобивки – Медлин вели дека „нема корист од пиењето млеко од компир“, но она што треба да го најдете е производ што е „збогатен со калциум, витамин Д, витамини од групата Б и железо“.

Нутриционистот Рохини Бајекал, исто така, вели дека збогатените млека се корисни бидејќи се „ниски со заситени масти и погодни за оние кои страдаат од алергија“.

Еколошки придобивки – Според некои експерти, млекото од компир има 75 проценти помал климатски отпечаток од млекото од животинско потекло, но е поеколошки од млекото од овес. Се смета дека одгледувањето компир е „двојно поефикасно од одгледувањето овес во користење на земјиштето“, а за одгледување се користи и 56 пати помалку вода во споредба со бадемите.