Вардар се подготвува за третиот Ф4 турнир и до полуфиналниот дуел против тимот на Барселона остануваат уште неколку часа.
Од сите страни пристигнува поддршка за „црвено-црните“, па не само што сите Македонци се заедно со ракометарите на Вардар, туку и целиот Балкан бидејќи сите гледаат во овој тим репрезент на ова подрачје од Европа.
Оттаму ни дојде и моќна најава за тимот кој во последните три години доминира во СЕХА-лигата и е единствен кој играше на трите Ф4 турнири во Келн. Погледнете!
Вардар со најмногу играчи во „Ол-стар“ тимот на ракометната Лига на шампиони
Петмина членови на Вардар се најдоа во „Ол стар“ тимот на ракометната Лига на шампиони, четворица играчи и тренерот Роберто Парондо.
Во изборот на ЕХФ што траеше речиси еден месец, а на предлог на тренерите, соработниците на ЕХФ, медиа тимот, беа одредени кандидатите. Потоа навивачите гласаа и во тоа гласање доминираа токму вардарци.
Првпат се случува некој македонски тим да има волку играчи во Ол-стар тимот. По вторпат тренер на Вардар е најдобар (по Раул Гонзалез), по вторпат во изборот е и Тимур Дибиров.
Голманот Дејан Милосављев ја продолжи традицијата и го наследи Арпад Штербик кој лани беше дел од идеалниот состав.
Ол-стар тим во ЛШ за сезоната 2018/2019 голман: Дејан Милосављев – Вардар лево крило: Тимур Дибиров – Варддар лев бек: Микел Хансен – ПСЖ среден бек: Кентан Мае – Веспрем десен бек: Даинис Кристопанс – Вардар десно крило: Иван Чупиќ – Вардар пивотмен: Хулен Агинагалде – Киелце млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем тренер: Роберто Парондо – Вардар.