Британската фунта скокна повеќе од 2 проценти по веста дека Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освоила убедлива победа на парламентарните избори, достигнувајќи 19-месечен максимум во однос на доларот и највисоко ниво во однос на еврото од референдумот за брегзит во 2016 година.
Непосредно по веста за веројатната победа на конзервативците во четвртокот вечер, валутата порасна за 2,5 проценти во однос на доларот на 1,3516 американски долари, што е највисоко ниво од мај 2018 година, за подоцна да се стабилизира на 1,3472 американски долари, пренесува „Ројтерс“.
Според еврото, фунтата зајакна за повеќе од 2 проценти во однос на претходниот ден на 82,80 пени, ниво последен пат забележано во јули 2016 година, веднаш по референдумот за брегзит.