Мора да пробате: Направете домашен чај од ананас

ИЗВОРНов лист
|

Кога јадете ананас не ја фрлаjте неговата кора, бидејќи на многу едноставен начин може да си направите чај од истата.

Ананасот има многубројни позитивни својства – меѓу другото, делува и како диуретик, затоа што го елиминира вишокот вода од вашиот организам, а ги штити и вашите коски од остеопороза.

Поголемиот дел од луѓето ја фрлаат кората од ананас. Тоа е голема грешка затоа што таа е пребогата со антиоксиданси, го штити вашето срце и крвни садови.

Чајот се подготвува на многу едноставен начин:

Ставете ја кората од ананас во поголем сад, додадете вода и варете околу 20 минути на тивко.

Доколку ви изгледа дека чајот е премногу благ, тогаш разредете го со уште малку вода.

Пијте го чајот во текот на денот, по малку, како сок. Исто така може да го разредите и со мед, но и да додадете малку лимон или пак некои други здрави состојки по ваш вкус.