„Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, Протоколот се почитуваа целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала“, изјави денес министерката Шахпаска.
Според анализите, согласно Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца.
„Дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатата недела не ги носеа во градинка. Од тие причини Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка. Дополнително, приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители“ – вели Министерската.
Според Министерката, со отварањето на градинките, мерката за продолено породилно отсуство ја губи својата смисла. Таа исто така се произнесе и за родителите на децата од шест до 10 години, имено Шахпаска потенцираше дека овие родители со Уредба на Владата од 7 јули веќе се вратени на работа и се активни во работниот процес и тоа во услови кога не функционираа ниту градинките, ниту училиштата.