МТСП од денес започнува со исплата на средства за социјална и детска заштита – ова се деталите

|

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември 2020 година започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на криза, исплатата ќе се спроведе во три групи. Во филијалите и експозитурите на банките, согласно вообичаено утврдениот распоред по азбучен ред, и тоа според првата буква од презимето: 2 септември (среда) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 3 септември (четврток) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; 4 септември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина и на банкоматите на банките, или истите да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа како и преку електронско и мобилно банкарство, започнувајќи од 2 септември 2020 година.

Од Министерството за труд и социјална политика потсетуваат на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра согласно препораките.