Жозе Мурињо го следеше синоќа мечот во Премиерлигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кој заврши со нерешени 1:1.
Португалецот беше дел од отвореното студио заедно со Рој Кин и Грем Сунес и имаше неколку забелешки за двете екипи.
Тој смета дека Јунајтед одиграл храбро, но дека сепак немал среќа до крајот на натпреварот.
Со оглед дека Клоп честопати го „поткачуваше“ и Мурињо преку разни изјави, Жозе сега подготви изјава во негов стил.
„Па тоа е затоа што никогаш го нема победено Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Тој сакаше месо, адоби риба на Олд Трафорд, не му се допадна менито, затоа не беше среќен. Тие се секако подобри кога играат против противнико кој им дозволува шанса за транзиција и контранапади. На Ливерпул и дефинитивно не им се допадна менито, Јунајтед беше со тројца во одбрана, добро поставен, со исклучок на една грешка“, констатира Мурињо.