На германските железници очајно им недостигаат работници. За време на следните пет години, се проценува дека ќе мора да се заменат дури и половина од 200.000 вработени.
Приината за тоа, како што пренесуваат германските медиуми, е високата просечна старост на вработените, каде многумина наскоро ќе заминат во пензија.
На тој начин, на компаниите ќе им недостигаат машиновозачи, информатичари и услужен персонал, но и градежни и електро инженери, пишува „Билд“.
Како што соопштија властите, до крајот на годинава, компанијата треба да вработи дури 24.000 нови вработени, а и во идната година треба да се вработи ист број на луѓе.
Платите во германските железници зависат од видот на работата. Така на пример, машиновозачите остваруваат просечен годишен приход од најмалку 38.000 евра, а најмногу околу 50.000 евра.
Кондуктерите заработуваат во бруто износ меѓу 34.000 и 46.000 евра годишно. Угостителите кои работат во ресторани во возовите, заработуваат од 33.000 до 37.000 евра годишно, а персоналот за услуги на клиентите, меѓу 34.000 и 46.000 евра годишно.