Челниците на Серија А очигледно воопшто не се двоумат да носат новини во италијанскиот фудбал.
Откако на Апенините пристигна ВАР системот, сега Фудбалската федерација на италија ја разгледува можноста за една голема промена која би можела да биде вистинска револуција во фудбалот.
Претседателот на федерацијата Габриеле Гравина упати молба до ИФАБ да овозможи наместо досегашните три, да можат да се користат дури пет замени во текот на натпреварот.
ИФАБ е тело кое ги чува и контролира правилата на фудбалот, составено е од Фудбалските Асоцијации на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, во коресподенција со ФИФА. Задачата на ова тело е да ги чува основните правила на играта уште од 1886. година и без нивно одобрение, не може да се направи поголема измена во фудбалската игра.
Инаку, клубовите од третиот и четвртиот ранг на Апенините веќе подолго време го користат концептот за пет замени во лигашките натпреварувања, што се покажа како позитивно.
Доколку барањето биде прифатено, Серија А ќе стане првиот елитен ранг кој ќе применува толку многу замени за време на натпреварите.