На Солскјер не му сметаат критиките: Не ми е важно што велат другите, мене ме болат…

|

Манчестер Јунајтед не игра добро во оваа сезона, а и резултатите не се посакуваното ниво, па поради тоа тимот трпи доста критики како и тренерот Оле Гунар Солскјер.

Меѓутоа во оваа седмица работите мрднаа кога е во прашање Јунајтед, поточно беа забележани две победи против Партизан и Норич, а ако на ова се додедеи ремито со Ливерпул, тогаш може да се каже дека „црвените ѓаволи“ полека се креваат на резултатски план.

Ама тоа треба да биде потврдено и на следните натпревари што секако е задача, предизвик за Солскјер кој посочи дека критките упатени до него не допираат, не му сметаат, односно дека тешко му е само кога губи Јунајтед.

-Бев повреден поради резултатите, не знам што се зборува. Не ми е важно што велат другите, можат да имаат мислење и не е моја работа да го коментирам, не сум повреден од тоа што другите го кажуваат, -порача Норвежанецот.