На вашата среќа денес нема да и се гледа крајот – Дневен Хороскоп (30.04.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

На вашата среќа денес нема да и се гледа крајот. Некое убаво изненадување или некој потег на партнерот ќе ве израдува. Сите работни обврски ќе ви бидат завршени навремено. Во семејството ќе владее хармонија, а малите настанати проблеми брзо ќе бидат решени.

Бик (21.04 – 21.05)

Се обидувате да оставите добар впечаток на опкружувањето. Тоа ви успева и сите ве поддржуваат. Денес е можно да настапите во јавност и да изложите една идеја која ќе биде добро прифатена. Тоа ќе ви овозможи успех во иднина. Денес ќе имате потреба да ја проверите љубовта на партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Партнерот знае дека сте оптоварени со работа и се обидува да не ве вознемирува. Поради тоа презема некои акции без ваше знаење. Добро би било да се заинтересирате за што се работи. Оние кои имаат работа, успешно ќе си ги извршуваат работните обврски без големи промени и осцилации.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а навечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве повикаа пријателите.

Лав (23.07 – 22.08)

Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Затоа, денеска потрудете се да останете глуви на нивните коментари и поминете го денот во друштво на оние кои навистина ви се блиски. Претстои кризен финансиски период.

Девица (23.08 – 22.09)

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошекта во природа добро ќе ви дојде. Работните обврски може да почекаат до наредната недела.

Вага (23.09 – 22.10)

Кариерата ви оди по нагорна линија и ова е само почеток. Многу ќе размислувате и ќе ги анализирате идните чекори, се со цел да го постигнете она што го сакате. Внимавајте на односите со партнерот. Тој е навидум мирен, но не се знае во кој момент ќе избувне. Заради вашата желба да напредувате му префрливте многу обврски и тоа го оптоварува.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

До сега се обидувавте рационално да гледате на случувањата на работното место, но тоа веќе не е можно. Затоа ќе замолчите и ќе се обидете од страна да ги посматрате случувањата. Чувствувате дека има многу тајни и веќе не сакате да се борите со невидливите сили околу вас. Партнерот се однесува многу агресивно.

Стрелец (22.11 – 21.12)

До вашата адреса ќе пристигне некоја интересна понуда. Не се откажувајте од понуденото затоа што ќе ви донесе добар приход. Партнерот се обидува да ги попречи вашите планови. Тој анализира и критикува се што ќе му кажете. Се однесува како да нема доверба во вас. Обидете се да не се возбудувате, во следните неколку дена ситуацијата ќе се смени.

Јарец (22.12 – 20.01)

Период во кој вие ќе се сомневате не само во другите туку и во себе. Немир, кавги и проблеми ќе се појавуваат од сите страни, затоа премолчете се и воопшто не се ни обидувајте некои нешта да ги објаснувате. Смирете се се додека не помине овој неповолен период. Од наредната недела се очекуваат подобри аспекти.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје. Излезете со пријателите, забавувајте се и пронајдете ја среќата во малите нешта.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе бидете многу среќни. Некое убаво изненадување или некој потег на партнерот ќе ве израдува. Некој колега се обидува да ви помогне да напредувате, искористете го тоа. Во семејството ќе владее хармонија.