Начин на исхрана според типот на фигурата: Еве што и кога да јадете!

|

Ви предлагаме диети за тело во форма на песочен часовник, јаболко, крушка и правоаголник.

Диета за тип градба: јаболко

Карактеристики на фигурата: Масивни рамена и гради, визуелно зголемено торзо, недостиг од нагласен струк

Нутриционистите препорачуваат: Минимално внесување јаглехидрати, а зголемено внесување влакна. Дамите што ја имаат оваа форма на тело се борат со холестерол и имаат опасност од развој на дијабетес и срцеви тегоби. Овие дами имаат зголемено ниво на кортизол, хормон за стрес.

Што да правите?

Постојано истегнувајте се, јогата и истегнувањата ќе ве спасат.

Во исхраната, фокусирајте се на внесување бавни јаглехидрати, на пример хелда и просо. Не го исклучувајте посното месо

Заклучок: Одбегнувајте масна храна.

Диета за тип градба: Крушка

Карактеристики на фигурата: Масивен задник и пренагласени колкови, заоблени колена, тенок струк, рамена и гради визуелни потесни од колковите. Вишокот килограми секогаш се лепат за колковите и задникот.

Ако имате ваков тип градба, исфрлете ги јаглехидратите и месото од исхраната. Се препорачува да јадете зеленчук со влакна, кисело млеко, посно месо, шумско овошје и овошје генерално.

Задолжително исфрлете: шеќерни напивки, печива и слатки, путер и јаткасти плодови.

Вежбање: За вас е класично трчање.

Диета за тип градба: Песочен часовник

Карактеристики на фигурата: Обемот на градите и колковите е приближно еднаков, масните наслаги се насобираат складно, подеднакво и во горниот, но и во долниот дел на телото. Струкот е видливо нагласен.

Обрнете внимание на здравиот начин на исхрана и вежбањето. Се препорачува јога, аеробик, танци…

Потребно е во исхраната да додадете листест зеленчук, говедско, јајца, ореви, немасни млечни производи.

Исфрлете ги слатките!

Диета за тип градба: Правоаголник

Овој тип тело се нарекува и „жена-момче“: тесни рамена, тесни колкови, мали гради.

Кога жена со овој облик има вишок килограми, мастите се насобираат на стомакот и на колковите. Корисно е во исхраната да вклучите протеини и масна риба.

Ограничете ја консумацијата на кафе и слатки.

Физичка активност: лесни вежби, пилатес, аеробик, танц.