Над 23 милиони барања за билети за Светското првенство во фудбал во Катар

ИЗВОРНов Лист
|

ФИФА прими дури 23,5 милиони барања за билети во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар што ќе се одржи во декември, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага.

Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД.

Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018.

Најскапиот билет за финалето чини 1 600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години.