Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн, откако во финалето го совлада Американецот Максим Креси со 7:6 (8-6), 6:3.
Шпанецот до титулата на турнирот од серијата 250 стигна по час и 44 минути игра.
За тенисерот ова беше 89-та титула во кариерата, а прва по неколкумесечна пауза поради повреда на стапалото.