Бела Хадид, една од најбараните манекенки во моментов во светот, таа објави неколку фотографии на кои плаче, откривајќи дека често се чувствува несигурно.
Помладата сестра на Џиџи Хадид изјавила дека инспирацијата за објавување фотографии од тежок период во нејзиниот живот дошла кога ќерката на Вил Смит, Вилоу, зборувала за сè низ што поминувала.
Бела на Инстаграм сподели серија фотографии на кои плаче, а потоа им се обрати на своите следбеници.
„Вилоу, те сакам тебе и твоите зборови. Ме прават да се чувствувам помалку осамена и затоа сакам да го објавам ова. Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами. Затоа ви велам – не сте сами. Сакам да знаете дека секогаш има светло на крајот од тунелот “, напиша меѓу другото познатата манекенка.
Таа призна дека заминала на пауза од социјалните мрежи за да се концентрира на своетo здравје.