Наједноставниот рецепт за грчкото лепче кое се јаде со суфлаки и гиро

ИЗВОРНов Лист
|

Лепчето во кое се става гирото е со посебен вкус, а вообичаено не мора да се јаде само со оваа комбинација – идеално е за различни јадења и сосови.

Намирници за лепчето: – 160 милилитри млеко на собна температура; – 80 милилитри вода на собна температура; – 1 лажичка шеќер; – 2 лажички квасец; – 320 грама тврдо брашно; – 1 и пол лажичка сол; – 1 лажичка мајчина душица; – 1 супена лажица маслиново масло; – бибер.

Подготовка: Во една чинија ставете млеко, вода, шеќер и квасец и мешајте додека не се соединат. Додадете брашно, сол и мајчина душица.

Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад кој претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.

Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете го во кружен облик.

Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.

Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.

Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.

За да ви биде уште повкусно може да подготвите и цаѕики сос, а ние ви посакуваме пријатен апетит.