Намирници кои може да ви помогнат и да ви ги заштитат белите дробови од загадениот воздух

ИЗВОРnovlist.mk
|

Во зимскиот период најважно е да го чувате здравјето на белите дробови. Загадувањето во градовите на Македонија е на алармантно ниво.
Поминете го слободното време во подготовка на природни лекови кои ќе ви помогнат да дишете полесно.

Без разлика дали сте настинати или не, ѓумбирот е одлична намирница за здравјето на белите дробови.
Чај од корен на ѓумбир ги елиминира токсините од белите дробови. Освен чајот, може да направите и топла купка со прав од ѓумбир која поттикнува отворање на порите и потење, што е корисно за дишните патишта.

Еукалиптусот е познат како средство кое го зајакнува имунолошкиот систем, го регулира дишењето, ја ублажува кашлицата и настинката.
Листот од еукалиптус може да го додадете во вашиот чај или да направите купка со етерично масло од еукалиптус.

Инхалирајте се два пати неделно

Уште еден вид на масло кое има силно антибактериско дејство е маслото од оригано.

Ориганото во алтернативната медицина се применува како природен антибиотик, средство за искашлување, за воспаление на синусите, за настинката. Едноставно користете го како додаток во исхраната.
Вашите мускули може да ги опуштите и со есенцијално масло од нане. Маслото од нане има антибактериско и антивирусно дејство, ги чисти дишните патишта и го олеснува дишењето. Два пати неделно инхалирајте се со помош на етеричното масло од нане, но и мајчина душичка и рузмарин.

Вежби за лесно дишење

Освен природните лекови, не заборавајте дека постојат вежби за лесно дишење кои можат да ви помогнат.
Седете на стол со исправен грб и опуштени раменици. Рамномерно вдишувајте и издишувајте и со двете дланки нежно удирајте се по клучната коска.

Потоа, полека изговарајте ги самогласките. Опуштете ги рацете и продолжете да дишите нормално.

Кога ќе завршите со вежбата, истегнете се.

Исто така, следете ги советите од лекарите и носете заштитни маски.