Напивка што ја исфрла слузта од организмот: Прочистете го телото за 7 дена!

|

Првите есенски денови ни донесоа многу бактериски и вирусни инфекции, што резултира со кашлање и кивање. Овие симптоми можеме да ги ублажиме со домашна напивка што ја исфрла слузта од телото.

Потребни состојки:
  • 1 лимон
  • 1 сантиметар корен од рен
  • 2 лажици мед
  • 3 чаши вода

Измијте ги и исчистете ги ренот и лимонот. Исечете го лимонот на 4 дела, па сомелете го, а потоа додајте и рен. Кога ќе го иситните сето тоа, додајте топла вода и мед. Ставете го сето тоа во блендер и мелете 20 секунди. Веднаш испијте половина чаша, додека напивката е се’ уште топла. Подоцна, во остатокот додајте малку топла вода и испијте ја цела количина.

Оваа напивка има најголем ефект наутро. После кафето или чајот, испијте половина шолја, а по појадокот и остатокот.

Се препорачува да ја пиете оваа напивка секој втор ден во текот на еден месец.