Наполи добил понуда за Елмас од турски прволигаш

|

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добиваше преголема минутажа во Наполи во периодот кога тренер беше Карло Анчелоти, но останува да се избори за почесто присуство на теренот под водство на Џенаро Гатузо.

Сепак, неговите игри во македонската репрезентација и повремено за Наполи се одлично оценети од скаутите на други клубови, а турските медиуми тврдат дека Италијанците добиле понуда од турски клуб.

Се работи за Бешикташ, кој наводно му предложил 18-месечна позајмица на Наполи за Елмас, плус опција подоцна да го откупи договорот на нашиот одличен фудбалер. Калчолигашот ја одбил првата понуда на Турците, но Бешикташ може да се врати со втор, поинтересен обид, велат медиумите во Турција и Италија.

Трансферот сигурно би предизвикал големо внимание бидејќи Елмас е поранешен играч на лутиот истанбулски ривал Фенербахче.