Наследна убавина: Три генерации Крафорд

|

Неодамна на хуманитарен настан во Лос Анџелес, заедно се појавија дамите од три различни генерации на семејството Крафорд.

Топ моделот Синди Крафорд, на настанот дојде со својата ќерка, веќе популарниот модел Каја Гербер и со нејзината мајка Џенифер Маки.

Трите грациозни дами се фотографираа заедно за медиумите, а фотографиите вирално се споделија на социјалните мрежи што предизвика низа позитивни реакции.

Убавото друштво во коментари под фотографиите постојано добива комплименти што генерално се однесуваат на нивната наследна убавина, но истовремено и на автентичноста што секоја од нив ја поседува, независно од различната возраст.

Инаку, Каја се посамоуверено чекори по професоналните стапки на својата мајка и веќе важи за еден од најбараните и најпопуларните модели во светот.